Нова сензација на Евробаскетот: „Нашиот“ Џикиќ и неговата чета ја шокираа Франција!

Кошаркарите на Грузија направија нова сензација на Евробаскетот, откако денеска ја шокираа Франција со 80-70, а со тоа четата на поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ се избори за четвртфинале.

Грузија најави уште на стартот дека ќе им направи големи проблеми на ѕвездите на Франција и ја доби четвртината со 24-20, а до крајот на првото полувреме предноста изнесуваше само еден поен за селекцијата на Џикиќ (38-37).

Франција не успеа да фати ритам ниту во второто полувреме, откако Грузија беше одлична на паркетот и го зголемуваше своето водство до конечни 80-70.

Најдобри во победничкиот тим беа Болдвин и Шенгелија, кои постигнаа по 24 поени, додека Франциско запиша само 14 поени за Франција.

Фото: FIBA