Нено рекордната партија и бананата „ала Мутомбо“ може - скапо да ги плати

Зад репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, е фантастична индивидуална партија одиграна синоќа против Уникаха, во која постигна рекордни 27 поени со осум асистенции, во која имаше и блокада во стилот на Дикембе Мутомбо, но која нема по добро да ја памети.

Причина за ваквите негативно емоции не е само поразот на неговиот тим (93-102), откако промаши две слободни фрлања во регуларниот дел при водство на Хувентуд (84-82), а потоа и шут за триумф при 84-84, туку и ударот што го доби во коленото на стартот од продолжението по што не се врати во игра.

Информациите од Бадалона велат дека тој денеска ќе биде тестиран, по што ќе се знае за тежината на неговата повреда, односно дали ударот нанел само моментална болка или, пак, станува збор за нешто посериозно.