
МВР уапсила навивач од Куманово зашто сакал да внесе „навредлива“ парола!
Лицата биле повикани на службен разговор и од МВР најавуваат дека по анализите во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против виновниците.
Во соопштението на МВР се наведува и дека било уапсено лице од Куманово кое на полувремето сакало да внесе парола како што се вели со „навредлива“ содржина.
„Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки. Денеска, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничи дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок“, стои во објавата.