Македонските одбојкари добро почнаа, лошо завршија - пораз од Швајцарија!

Македонската одбојкарска репрезентација со 1-3 (25-23, 15-25, 24-26, 23-25) во сетови беше поразена од Швајцарија на стартот на пријателскиот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ кој се игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонските одбојкари одлично го отворија мечот, првиот сет го добивме со 25-23 и поведовме со 1-0.

Во вториот сет бевме очајни, дојдовме само до 15 поени, но во следните два сета се водеше голема борба до самиот крај, третиот сет го загубивме на разлика 24-26, а четвртиот Швајцарците го добија со 25-23.

Македонските одбојкари утре имаат слободен ден, додека Швајцарија игра со Бугарија. Ние во четврток од 19 часот ќе ги одмериме силите со Бугарите.