Беќири: Имаме само еден гол негатива, ништо не е готово!

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири е разочаран од поразот од Карабах, но верува дека ништо не е загубено и неговите момци може да направат чудо во Баку на реваншот.

Шкендија со 1-0 го загуби домашниот меч против Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. 

„Ова беше меч во кој не смеевме да примиме таков гол, од една ситуација во која мораше да бидеме повнимателни. Да бидам искрен, Карабах имаше добри шанси, но имавме и ние. Одигравме подобро во вториот дел отколку во првиот, и покрај поразот им честитам на моите фудбалери, ќе се обидеме да ја најдеме грешката кај нас, јас сум одговорен. Како и да е, загубивме само со еден гол разлика, ништо не е готово. Ако одиграме перфектен меч, можеме да извлечеме добар резултат на гости“, рече тренерот Бекири по мечот.

Реваншот се игра на 12 август од 18 часот во Баку.