Гурбанов: Важна победа, но мора да бидеме многу претпазливи во реваншот

Тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов е задоволен од резултатот во Скопје против Шкендија, но вели дека не смеат да играат неизвесен меч во Баку, мора да бидат многу подобри.

Карабах од Скопје си замина со победа од 1-0 и направи крупен чекор кон плејофот во Лигата на шампионите.

„Многу важно е во вакви мечеви да бидеш борбен до самиот крај. Направивме некои грешки, но најважен ни беше резултатот на овој меч. Можам да кажам само најдобри зборови за Шкендија, одиграа добар двомеч со ФЦСБ, ни ја отежнаа работата. Важна ни е победата, но во Баку мора да бидеме претпазливи, не смееме да дозволиме мечот да биде вака близу“, рече Гурбанов.

Реваншот меѓу Карабах и Шкендија се игра на 12 август од 18:00 часот во главниот град на Азербејџан.