Манчестер јунајтед одбил дури пет понуди за својот најголем киксер!

Хари Мегваер е еден од најкритикуваните фудбалери на Манчестер јунајтед, но клубот нема намера да го продаде, одбиле дури пет понуди за него.

Три пристигнале од Премиерлигата и две од Серија А, но сите тие биле одбиени од страна на Јунајтед.

Манчестер јунајтед во 2019 инвестираше 80 милиони фунти за ангажман на Хари Мегваер и го направи најскапиот дефанзивец во светот, рекорд кој Англичанецот се уште го држи.

Но, Мегваер постојано правеше киксови и беше мета на многу критики. Сепак под водство на Аморим ја стабилизира играта и наскоро ќе добие и нов договор.

Тој е во плановите на португалскиот стратег, па Манчестер јунајтед не планира да се откаже од него.