
Барселона не се откажува - повторно побара дозвола за играње на Камп Ноу
Конкретно, за мечот со Валенсија кој е закажан за 14 септември и кој треба да биде прв домашен натпревар за Барселона во новата сезона. Промената во однос на претходното барање е на трибините да има не повеќе од 30 илјади, место 60 илјади гледачи како што побара минатата недела. Истото правило би важело и за натпреварот против Гетафе кој е на програмата една недела подоцна.
Понатаму тој капацитет би бил зголемен на 45 илјади гледачи за натпреварите од Ла Лига и Лигата на шампионите, до 60 илјади гледачи во втората фаза од сезоната.
Како резервна варијанта и натаму стои стадионот „Јохан Кројф“, но проблем се натпреварите од Лигата на шампионите каде не е дозволена промена до крајот на сезоната.