
Тимот што победува не се менува: Шкендија против Карабах со истите 11 што почнаа во Букурешт
Тетовскиот тим досега одигра четири натпревари во квалификациите и оствари три победи и едно реми, па вечерва ќе се обиде да ја продолжи серијата без пораз. Тренерот Јетон Беќири ќе го почне натпреварот со истите 11 кои почнаа минатата недела во Букурешт каде Шкендија по вторпат го победи ФЦСБ и обезбеди пласман во третиот круг. Формацијата е 4-2-3-1 која досега се покажа добитна за „црвено-црните“.
За разлика од Шкендија, Карабах ќе има две измени во стартната постава во однос на минатонеделниот натпревар против Шелбурн на домашен терен. Азербејџанскиот тим својот настап во Лигата на шампионите го почна од второто квалификациско коло и Скопје е втора станица за него.