Нова трагедија ја погоди Португалија: Се удави голман!

Португалскиот фудбал кој неодамна беше погоден со смртта на Диого Жота и неговиот брат, Андре Силва, сега се соочува со нова трагедија.

Голманот Џеферсон Мерли (27) кој бранеше за тимот на ГД Калделас се удавил во реката Хомен во националниот парк Пенаде-Гереш за време на одморот. Португалските медиуми пренесуваат дека во моментите на несреќата, Џеферсон пливал заедно со својата девојка.

Итните служби брзо се реагирале и се вклучиле во потрагата по неговото тело, но бил пронајден без знаци на живот по три часа.

Со својот клуб кој се натпреварува во четвртата лига пред само еден месец стави потпис на нов договор. Несреќата се случила во саботата околу 18 часот.