Новитет во Италија: Сите ВАР одлуки ќе се објаснуваат веднаш на теренот

Oд оваа сезона судиите од највисокиот ранг на италијанскиот фудбал одлуките кои ќе ги донесат со помош на ВАР технологијата ќе ги објаснуваат пред публиката, потврди шефот на судиската комисија на Италија, Џанлука Роки.

Новиот систем веќе беше подготвен да се користи во полуфиналето и финалето од Купот на Италја минатата сезона, но тогаш немаше ВАР проверки кои бараа комуникација.

Исто така е користеше и во текот на Светското клупско првенство кое се одржа ова лето, а сега стандардно ќе биде дел од италијанскиот фудбал, не само во Серија А.

„Голема новост за оваа сезона ќе биде објаснувањето на теренот. Судиите по проверката на ВАР ќе можат да ги објаснат своите одлуки директно на публиката која е на стадионот и пред малите екрани. Ова е важен чекор напред во комуникацијата бидејќи веќе неколку години наназад бараме поголема транспарентност. Сега објаснување ќе можеме да добиеме директно и во реално време. Имаме одбрана група на судии и сакаме да обезбедиме дека јазикот што ќе се користи ќе биде заеднички“, изјави Роки.