Македонија немаше сила за изненадување: Кадетите загубија од Словенија

Македонската кадетска репрезентација денеска загуби од Словенија со 80-87, па ја очекува уште еден меч на Европското кошаркарско првенство (ЕП) во Удине за 11. место и тоа против Израел.

Македонските кошаркари имаа лошо отворање на мечот, откако Словенците уште на стартот направија убедливо водство, кое по првата четвртина изнесуваше 21-15, а до полувреме зголемија на 43-35.

Во второто полувреме, нашите кошаркари заиграа за нијанса подобро, па успеаа во третата четвртина да го намалат водството на Словенците на 55-60.

Сепак, во последната четвртина македонските кадети немаа сила за пресврт, па Словенија славеше со 87-80.

Македонија има шанса со победа да го затвори турнирот и тоа против Израел, против кого ќе се бори за 11. позиција на ЕП.

Најдобар кошаркар во македонскиот тим беше Мемед со 25 постигнати поени.