
КФМ се премисли: Против Унгарија место во Куманово - во Скопје
Кошаркарската федерација на Македонија се премисли и ги оствари најавите кои можеа да се слушнат и пред десетина дена, па дуелот против Унгарија ќе се игра во салата Кале во Скопје. Натпреварот е закажан за 20 август од 19 часот и со него ќе завршат претквалификациите за Светското првенство.
Натпреварот може да биде и од ревијален карактер ако Унгарците в сабота ја победат Романија на домашен терен бидејќи во таков случај, Македонија ќе ги загуби и теоретските шанси за едно од првите две места во групата.