Димитријевиќ: Понудата од Партизан беше измислена - црно-белите не ме сакаа(т) премногу!

Македонската кошаркарска ѕвезда, Ненад Димитријевиќ вели дека никогаш досега не бил директно контактиран од Партизан, смета дека црно-белите не го сакаат толку многу колку што се пишуваше.

Димитријевиќ игра во неверојатна форма оваа сезона, блеска и во дресот на Уникс и во македонската репрезентација. Иако полека се промовира во еден од најдобрите кошаркари на неговата позиција, Македонецот уште не заиграл во Евролигата.

Имаше гласини дека Партизан го сака Димитријевиќ, но нашиот кошаркар вели дека немал никаков контакт досега со српскиот тим на кој е фан од дете.

„Никој од Партизан директно не ме контактирал. Слушнав дека не се премногу заинтересирани за мене. Имаше и некои други понуди, но не конкретни. Уникс покажаа огромна желба за мене. И како човек и како играч, морам да ја почитувам и финансиската понуда која ја имав и спортската улога која ми ја даде клубот. едноставно, играч сака да се почувствува дека е почитуван, јас во Уникс чувствувам дека сум почитуван“, вели Димитријевиќ.

Тој одигра две фантастични партии за Македонија против Естонија и Полска, покажа дека е вистински лидер и репрезентацијата со него во составот е поинаква приказна.

„Сакаме да се квалификуваме на големо натпреварување. Немавме среќа против Естонија, но против Полска покажавме квалитет и мислам дека можеме да направиме нешто убаво за нашата земја. Тоа би било значајно и за помладите генерација да нѐ видат дека правиме нешто големо како што е пласман на Европско првенство“.

Неговата голема форма не е случајност, Димитријевиќ вели дека е многу фокусиран на работа и надвор од тимските тренинзи.

„Некако се поклопи сѐ. Тимот, соиграчите, тренерот, стилот на игра. Секако и јас како личност созреав. Многу се посветив на индивидуалната работа. Посебно оваа сезона, работам индивидуално и пред и после тренинзите и тоа очигледно дава резултати да ја кренам играта на некое повисоко ниво“.

Целото интервју со Ненад Димитријевиќ можете да го прочитате на овој ЛИНК.