Чесите се изборија за дуел со Србија, Полска за „утеха“ ќе игра со САД!

Кошаркарите на Чешка продолжуваат со одличните игри на Светското првенство (СП) во Кина и со победата во денешниот меч против Полска (94-84) се изборија за можност задутре против да се борат за историски пласман на 5. место на натпреварувањето на најдобрите светски велесили.

Серијата 17-1 остварена во втората четвртина се покажа како клучна за триумфот на Чесите, бидејќи дотогашната инфериорна позиција ја претворија во двоцифрена предност (43-33), која умешно ја задржаа до самиот крај. Хрубан со 24, Саторански со 22 и Бохачик со 21 поен беа најдобрите во победничкиот тим, додека Вачински со 22 поени беше најпрецизен во полскиот состав.

Чешка за петтата позиција, задутре, ќе ги одмери силите со Србија додека Полска како за „утеха“ ќе игра против селекцијата на САД.