
Ужива во Белград: Вилдоза ја „ќарил“ најубавата српска одбојкарка (ВИДЕО)
Станува збор за Милица Тасиќ (24 години), која сезонава настапуваше за Динамо Букурешт и за која српските медиуми шпекулираат дека го освоила срцето на фантастичниот кошаркар. Двојката често била заедно, а деновиве била „уловена“ на прошетка крај реката Сава.
Тасиќ со години настапуваше за Ц. Звезда, по што извесен период мина во САД, по што се врати во Европа и потпиша за тимот од романската престолнина. Вилдоза, пак, има договор на уште една сезона со црвено-белите, а врската со сексапилната одбојкарка ги зголемува шансите да остане имун на богатите понуди за заминување.