Ужасни сцени на вечното дерби: Гробари крвнички се истепаа - помеѓу себе (ВИДЕО)

Вечерва во Белград се одигра вечното кошаркарско дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда во рамки на 7.коло во АБА-лигата. Традиционално имаше тепачка на трибините, но овој пат не помеѓу двете навивачки групи. 

Дел од навивачите на Партизан или популарно наречените Гробари, очигледно имаат некои нерасчистени сметки во своите редови, па почнаа да се тепаат меѓусебе на еден дел од трибината во „Белградска арена“. 

На паркетот, Партизан ја однесе победата и го совлада својот лут ривал со 75-72. За „црно-белите“ ова беше трета победа по ред и сега имаат 12 бодови на петтата позиција на табелата, додека Звезда има бод помалку и се наоѓа на шестата позиција во АБА.