Тренерот на Морнар збесна: НБА те чека? Како да не, марш во соблекувална!

Сплит во неделата славеше против Морнар со 86-79 во АБА-лигата, а тренерот Михаило Павичевиќ беше етепн лут на еден од своите кошаркари.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи како Павичевиќ му држи лекција на кошаркар на Морнар.

„Што е? Сакаш да играм одбрана наместо тебе? Лут си? НБА те чека, како да не... Ајде марш во соблекувална“, му кажа Павичевиќ на кошаркарот.