ТФТ даде само четири поени во третата четвртина, па убедливо загуби од Широки бријег

ТФТ остана на само две победи во АБА2-лигата после денешниот нов пораз и тоа од Широки бријег во деветтото коло со 58-81, само поради мизерната трета четвртина во која скопјани дадоа едвај – четири поени.

Иако одиграа добро прво полувреме во кое беа во водство, па на пауза заминаа со плус четири (41-37), катастрофалната игра во третиот период во кој Широки го доби со 22-4, го реши мечот, босанскиот клуб избега на убедлива предност и потоа во последниот период само рутински го одработи за да дојде до триумф.

Костоски со 14 поени беше најефикасен кај ТФТ, додека Бишоп и Андерсон додадоа по 10, а убедливо најдобар на паркетот беше Емануел Литл од Широки бријег со дабл-дабл учинок од 22 поени и 14 скока, додека Амир Најт мечот го заврши со 19 поени.

За Широки ова е петта победа во девет кола и е деветти на табелата во АБА2.