Тага во српската кошарка: Почина најдобриот стрелец во историјата на Црвена Звезда

Тажна вест пристигна денес од српската кошарка, почина Драган Капичиќ, најдобриот стрелец во историјата на КК Црвена Звезда и човек кој е вистинска кошаркарска легенда.

Неговата кариера беше обележана со годините кои ги помина во Црвена Звезда каде што настапуваше од 1966 до 1975 година и во тој период стана најдобриот стрелец во историјата на српскиот гигант.

Од клупските трофеи двапати го освои домашното првенство во 1969 и 1972 година, а трипати Купот на Србија во 1971, 1973 и 1975 година.

Покрај Звезда настапуваше уште за Сатурн од Келн, а беше дел и од селекцијата на Југославија со која играше на Европските и Светските првенства, Олимписките и Балканските игри.

Во 2007 година беше избран и за претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.