Словенецот Дончиќ во хрватска кафеана „падна во транс“ на – српска песна (ВИДЕО)

Додека во НБА привршува борбата за шампионската титула, еден од најдобрите кошаркари во регионот, Лука Дончиќ, го користи слободното време за опуштање и релаксација, со оглед што неговиот Дала маверикс не се ни пласира во плејофот.

Словенецот се наоѓа на одмор во Хрватска, каде што е „уловен“ како ужива во популарен клуб каде што се пеат турбо-фолк хитови. Дончиќ беше снимен како „паѓа во транс“, како што потенцираат српските медиуми, на стиховите на песна од Саша Матиќ. Пејачот за тоа, сепак, не доби богат бакшиш туку само привилегија да се поздрави со големата НБА-ѕвезда, која неодамна потпиша договор време повеќе од 200 милиони долари.

Дончиќ периодот го користи за одмор во пресрет на обврските кои летово ќе ги има со Словенија, односно во обидот да направи чудо со „змајчеки“ на Мундобаскетот во Јапонија, Индонезија и Филипини.