Прв гостински триумф: Пеколен финиш на Блокотехна за два од два во БИБЛ!

Блокотехна го запиша вториот триумф во вториот натпревар во БИБЛ-лигата, откако денеска на гостување ја победија албанска Теута со 70-61.

Теута имаше фантастичен почеток на мечот и водство од 15-4, но потоа Блокотехна одговори со серија од 8-0 за да ја намали предноста на домаќините. Но, домаќините успеаа да стигна и до водство од 30-28 на полувремето.

Сепак, потоа следуваше подобра игра на македонската екипа, која го презема водството, па направи целосен пресврт за предност од 45-43 во третата четвртина.

Во последната четвртина Блокотехна имаше одлична серија, па и предност од девет поени, но потоа Теута успеа да намали, но во последните минути иако стигна на -2, сепак Блокотехна со серија од 7-0 го реши дуелот и победи со 70-61.

Брендон Пен беше најдобар кај Блокотехна со 19 поени и 10 скокови, додека Вилсон од редовите на Теута постигна 23 поени и пет скокови.