Пелистер губеше со 12 поени разлика, па го расплака Борац

Кошаркарите на Пелистер ја остварија петтата победа во АБА2-лигата, откако денеска беа подобри од Борац Бања Лука со 73-72 и така се искачија во плејоф зоната.

Пелистер ја доби првата четвртина со 23-18 и на полувремето замина со предност од четири поени (40-36), меѓутоа Борац заигра многу подобро и создаде предност од 12 поени (59-47).

Битолчани имаа тешка задача во последните 10 минути, но играа фантастично и го наполнија кошот на Борац за да слават со 73-72.

Планиниќ беше најдобар во редовите на македонскиот тим со 21 поен, додека Вест постигна 17 поени за Борац.

Пелистер е на осмата позиција со пет победи и шест порази по 11 одиграни кола во АБА2-лигата.