Надал сам го прекина мечот во Мадрид – навивачите загрижено гледаа кон трибините (ВИДЕО)

Рафаел Надал попладнево во третото коло на мастерсот во Мадрид бие битка со Аргентинецот Педро Кацин, во меч во кој на крајот од првиот сет беа забележани драматични сцени.

Шпанецот водеше со 5-1, а во седмиот гем водеше со 30:15 на сервис на Аргентинецот, кога ветранот забележа дека некој на трибините паднал. Рафа веднаш самиот го прекина натпреварот и отиде кај судијата покажувајќи му што се случува. Се уште не се знае дали некому на трибините му се слошило или незгодно паднал, но паузата траеше три минути, а очите на сите присутни беа вперени кон местото на инцидентот. Лекарските тимови мораа да реагираат, а и Надал и Кацин вознемирено гледаа кон трибините.

Судијата откако потврда од лекарскиот тим дека се е во ред мечот можеше да продолжи, а Надал го приведе сетот до крај и го доби со 6-1. Кацин, сепак, не се предаде, заигра подобро во вториот сет, кој го доби во тајбрејк па тенисерите сега го играат решавачкиот сет за пласман во осминафиналето.