Бизарната повреда не била наивна: Таткото на Ѓоковиќ денеска бил итно опериран!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на свет Новак Ѓоковиќ, денеска морал итно да биде опериран како последица на бизарната повреда на рамото по падот од столица во обид да храни птици.

Тој вчера беше примен во Ургентниот центар во Белград, каде што лекарите по долго размислување решија да го задржат да преноќи, а денеска дополнително решиле под итно да го оперираат поради повредата на надлактицата. Операцијата минала успешно, а Ѓоковиќ сениор се чувствувал добро.

Новак деновите ги минува во српската престолнина, па е постојано крај својот татко. Тој во Белград се подготвува за најважниот дел од сезоната, а најпрвин ќе настапи на мастерсот во Рим каде ќе брани само четвртфинале, што значи дека неговиот рекорд по бројот недели на врвот на АТП-листата сигурно ќе трае до крајот на следниот месец односно почетокот на Ролан Гарос.