Полицајци се обидоа да запрат рагбист со - електрошокер (ФОТО)

Рагбистот Били Вунипола бил приведен во Мајорка откако предизвикал инцидент, а на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога полицајците се обидуваат да го запрат спортистот.

Вунипола им се заканувал на гостите и почнал да крши шишиња, по што полицијата морала да користи и електрошокер, но нивните обиди биле неуспешни по што морале да применат физичка сила за да го приведат.

„Потврдувам дека бев уапсен. Приведен сум поради отпор и по судењето добив казна од 240 евра“, кажа рагбистот.