Шок во Пловдив: Убиен сопственикот на Ботев
Според првичните информации, нападот се случил во текот на ноќта, а Филипов бил погоден со огнено оружје во пределот на главата. На местото веднаш пристигнале полициски екипи, кои поставиле кордон и започнале истрага.
Засега нема официјални информации за мотивот за убиството, ниту за тоа дали полицијата има осомничен или уапсен сторител. Истрагата е во тек, а надлежните органи собираат докази и сведочења за да ги утврдат сите околности. Филипов беше добро познат во Пловдив и поради неговата поврзаност со Ботев. Неговата компанија ПИМК беше ангажирана како главен изведувач на изградбата на стадионот „Христо Ботев“, а самиот Филипов имаше значајна улога во функционирањето на клубот.
Убиството се случило само неколку часа откако на стадионот „Христо Ботев“ во Пловдив играше бугарската репрезентација против Естонија во Лигата на нации.