Најдобриот Србин во Европа го повреди коленото – виси Мундобаскетот и одењето во НБА?

Двојниот МВП во кошаркарската Евролига, Василие Мициќ заработи повреда на коленото, па на носилки и со солзи го напушти паркетот на дуелот на Анадолу Ефес со Фенербахче, по што Србија стравува дека се работи за (по)тешка повреда која ќе го оддалечи од настапот на Мундобаскетот во август и септември годинава.

Мициќ имаше 12 поени пред да се повреди откако се судри со колената со Џејмс Брисен, а после гримасата на лицето на сите им стана јасно дека повредата не е наивна. Сега, Србија ќе трепери додека не дојдат официјалните резултати од лекарските прегледи, најмногу дали има оштетувања на лигаментите на коленото, што би значело пауза од безмалку една година после операција.

Србинот се надеваше летово дека ќе оди во НБА, но ако станува збор за потешка повреда, ни тоа нема да биде достижно.