Мега сензација: Мега ја преслуша Црвена Звезда и тоа како гостин

Екипата на Црвена Звезда ќе мора да почека барем уште едно коло за да ја обезбеди првата стартна позиција пред плејофот од АБА лигата.

Имаше шанса тоа да го направи вечерва, во дуелот со Мега, но доживеа сензационален пораз со 83-89. Одлучи последната четвртина која најмладиот тим во лигата го доби со 26-14, а во клучните моменти, големите таленти од тимот на Мега, во добар број и тинејџери, изгледаа поискусно од своите ривали на спротивната страна. На почетокот од тој квартал, Звезда имаше предност и од 11 поени разлика, но домашните кошаркари, како и тренерот Јанис Сферопулос предвреме се опуштија и му дозволија на противникот да направи пресврт.

Со оваа победа Мега остана во игра и за четвртата позиција во АБА лигата ако се знае дека Олимпија има само една победа повеќе, на две кола пред крајот на основниот дел од сезоната. Освен тоа, една е од само двете екипи (покрај Олимпија) во оваа конкуренција што сезонава има победи и против Партизан и против Црвена Звезда.