Лесор пак си бара казна: Оттурна кошаркар на Студентски центар! (ВИДЕО)

Најголемиот немирко во редовите на Партизан, Матијас Лесор, очигледно тешко го поднесе синоќешниот пораз од Студентски центар Дерби во четвртфиналето од АБА-лигата, па приреди нов повод да се врти по социјалните мрежи и по медиумите.

По триумфот на Студентски центар (84-83) во Белград, логично, играчите беа во екстаза од славје и се радуваа на теренот. Во целиот нивен собир помина Лесор и, како да бараше некој што ќе му пречи на патот, па да го оттурне. Пред него се најде Данило Ивановиќ, кој само го проследи со поглед и со некоја сочна пцовка откако беше оттурнат.

Лесор веќе доби суспензија од три меча и казна од 10.000 евра за тепачката со Филип Петрушев од Ц. Звезда, во дербито од АБА-лигата.