Кошаркар на Партизан требаше да наброи три држави, па направи – епски кикс (ВИДЕО)

Кошаркарот на Партизан, Ален Смаилагиќ, ненамерно стана хит на социјалните мрежи откако направи – епски лапсус.

Тој можеби е фантастичен на паркетот, но поранешниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс покажа дека не му оди најдобро пред камерите. Смаилагиќ гостуваше во емисијата „Штоперица“, а одговорот на едно од прашањата предизвика големо внимание. На прашањето „Кои три држави би сакал да ги посетиш?“, кошаркарот по долго размислување одговори со лапсус.

„Кина, Јапонија и Париз“, одговори центарот на Партизан.

Јасно е дека се работи за лапсус, а кошаркарот и по кажаното не успеа да ја надмине тремата, па дури и самиот не беше свесен што кажал.