Најдобриот кошаркар на ПАО по прославата на титулата завршил во – полициска станица!

Една од најголемите ѕвезди на Панатинаикос, Американецот Кендрик Нан, набрзо по прославата на титулата во грчкото првенство морал да се пријави во полиција поради конфликт со сопругата, пренесува „Еурохупс“.

Тој имал вербален конфликт со својата „подобра половина“, по што морал да оди во полициска станица за да го објасни своето однесување. Нан беше еден од најдобрите кај „зелените“ на патот кон европската титула, како и кон трофејот во Грција.

Тој бил приведен локалната полициска станица во Врилисија, предградие на Атина, а се уште не се познати деталите за инцидентот, како и колку Нан ќе остане во полиција.