Ракометарките на Македонија до 20 години претрпеа пораз во вториот натпревар на Светското првенство на кое сме домаќини. Исланд беше подобар од Македонија со резултат 17:29.

Избраничките на Дарко Јанев имаа одличен старт на натпреварот и отворивме со 3:0 кога Исланѓанките го постигнаа првиот гол. Добрата игра на нашите ракометарки продолжи и во наредните моменти, па дојдовме и до предност од шест гола разлика (8:2).

Но, од тој момент темпото на нашата игра почна да паѓа, а Исланд знаеше тоа како да го искористи. Вториот дел од полувремето им припадна комплетно нив, па на пауза се замина со 11:11.

Со добра игра Исланд продолжи и во вториот дел кој го отвори со серија од 4:0. Во продолжение со неколку кратки серии разликата стануваше се поголема, па така на 15-тина минути до крајот таа беше и двоцифрена. Во продолжение отворено беше само прашањето со колкава разлика Исланд ќе слави на натпреварот.

На табелата Македонија има два бода исто колку што имаат Исланд и Ангола против која играме утре од 20:15 часот. САД е на последната позиција без бодови.