Словакот Шранц го сруши рекордот на Христо Стоичков на Европските првенства

Репрезентативецот на Словачка, Иван Шранц стана вториот играч кој постигнал гол во првите два натпревари на ова Европско првенство, претходно тоа му успеа на Џамал Мусиала.

Шранц со 30 години и 282 дена стана најстариот играч кој дебитирал на едно континентално натпреварувања и на тој начин го подобри рекордот на бугарската легенда Христо Стоичков. На Европското првенство Стоичков дебитираше во момент кога беше 156 дена помлад.

Стоичков беше прецизен во победата од 1:0 над Романија и ремито против Шпанија 1:1. Стрелец беше и во третиот натпревар од групата во поразот од Франција со 1:3.