На Полска не и помогна и Левандовски, одличната Австрија до важна победа! (ВИДЕО)

По поразот од Франција во кој прикажаа добра игра Австријците денес ја надиграа Полска против која славеа со 1:3 за први бодови на Европското првенство.

Резултатот беше отворен рано по само девет минути игра. Траунер одлично реагираше на нафрлувањето на Мвене и со глава го матираше Шчесни.

Беше подобра Австрија на теренот и создаде уште некоја прилика за гол, а кога не ги искористи стигна казната на спротивната страна. Криштоф Пјонтек најдобро се снајде во петерецот и го израмни резултатот.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Во второто полувреме како што одминуваше времето Австрија беше се подобра, а Полска како да не можеше да го издржи темпото.

Ново водство донесе Баумгатнер во 66. минута, а точка на натпреварот стави Арнаутовиќ од пенал кој претходно го изнуди Сабицер. На табелата во групата „Д“ Австрија има три бода колку што имаат и Франција и Холандија кои својот натпревар го играат вечерва. Полска е последна без бодови.

Во последното коло Полска ја чека натпревар против Франција, додека Австрија оди на Холандија.