Засилување за шампионот: Струга го врати Кире Ристевски во македонскиот фудбал

Шампионот Струга Трим Лум донесе големо засилување за европските квалификации и новата сезона. Нов член на стружани е фудбалерот со репрезентативно искуство, Кире Ристевски.

За Ристевски ова е враќање во македонскиот фудбал по осум години. Во Струга пристигнува од Етникос од каде што замина по истекот на договорот.

Освен за Етникос, Ристевски го носеше дресот уште на: Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Вашаш, Тирана, Славија Софија, Билиш и Елбасани. Во Македонија беше дел од Пелистер и Работнички.