Гризман се избрука, промаши цела топка на три метри од голот (ВИДЕО)

Франција можеше да поведе во 14. минута од мечот против Холандија бидејќи Антоан Гризман имаше извонредна шанса да го отвори резултатот.

Рабио одлично го проигра на три метри од голот, но фудбалерот на Атлетико Мадрид не само што не ја затресе мрежата на противникот, туку ја промаши цела топка.

Свои шанси за гол имаа и Холанѓаните, но далеку од она што го промаши Антоан Гризман.