Познати составите: Франција против Холандија без Мбапе

По вчерашното дерби помеѓу Шпанија и Италија денеска во вечерниот термин на ЕП не очекува уште едно дерби помеѓу Холандија и Франција.

Веќе се познати и стартните состави и во двете репрезентации, а во нив нема поголеми изненадувања. Килијан Мбапе кој имаше скршеница на носот се најавуваше дека може да се најде во стартниот состав, но на крајот сепак Дешам го остави на клупата.

ХОЛАНДИЈА (4-3-3): Вербруген; Ван Дајк, Аке, Де Вриј, Дамфрис; Симонс, Реиндерс, Шутен; Фримпонг, Депај, Гакпо;

ФРАНЦИЈА (4-3-3): Мењон; Хернандез, Салиба, Упамекано, Кунде; Рабио, Канте, Чуамени; Гризман, Турам, Дембеле;

Натпреварот се игра во Лајпциг на „Ред Бул Арената“, а главен судија е Ентони Тејлор.