Рафаел Надал отвора тениска академија во близина на Македонија
Во присуство на премиерот на Албанија, Еди Рама, Надал објави дека ќе отвори тениска академија кај нашиот јужен сосед, во градот Драч.
„Ми се допадна визијата на Албанија за промоција на спортот и неговите вредности. Сигурен сум дека проектот ќе биде успешен“, рече Надал.
Комплекстот ќе се состои од 12 терени за тенис и уште шест за падел. Еди Рама изјави дека иако Албанија не е позната по тенисот, Надал ќе помогне за популаризација на овој спорт во земјата.