Солскјер открива: Не смеевме да дозволиме Роналдо да оди во Сити, ќе беше поефикасен и од Халанд

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер открива што се случувало во клубот пред три години кога Кристијано Роналдо сензационално се врати на Олд Трафорд.

Познато е дека тогаш за Португалецот беше заинтересиран и Манчестер Сити, преговорите беа во одмината фаза, но на инсистирање на Алекс Фергусон, во процесот се вклучија „ѓаволите“ и го донесоа во своите редови. Солскјер тврди дека менаџментот дошол до заклучок дека не смее да дозволи Роналдо да се пресели во Сити и поради имиџот и поради квалитетот на противникот.

„Кристијано е еден од најдобрите фудбалери во последните 15 години. Играв со него, има историја во Јунајтед. Го напушташе Јувентус и ние не смеевме да дозволиме да оди во Манчестер Сити бидејќи таму веројатно ќе постигнуваше повеќе голови отколку сега Халанд. Мислам дека неговото доаѓање ја наруши динамиката во соблекувалната, некои фудбалери се почувствуваа помалку важни“, рече Солскјер.

Тој беше менаџер кога Роналдо дојде во Јунајтед, но брзо доби отказ. На негово место дојде Ралф Рангник и тој ја почна војната со Португалецот која кулминираше со доаѓањето на Ерик Тен Хаг. Холандскиот стручњак не се плашеше од авторитетот на Роналдо, многу често го оставаше на клупата за резервни играчи, па дојде до нивен голем конфликт кој доведе до заминување на суперѕвездата и она бурно интервју кое сериозно го разниша Манчестер Јунајтед.