
Без разлика спортот: Кога македонски тим ќе го „тепа“ Партизан тоа е - голема вест!
Херој во скопскиот тим беше репрезентативката Ивана Кметовска, која средбата ја заврши со 31 поен и 14 скока, а беше стрелец на клучното слободно фрлање кое доволно го оддалечи македонскиот тим од големиот противник. Црно-белите имаа шут за изедначување, но Глигиќ промаши.
Нена Трајчевска реализираше 13 поени, а Цветанка Димова 12 поени и седум скока во триумфот на Бадел 1862, кој следниот меч во регионалната лига ќе го одигра дома против бугарската Монтана 2003. Првата победа на „баделки“ во ВАБА беше исто така на гостински терен и тоа против Бановиќи.