
Ќе биде фантастично лето: Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на ЕП!
По елиминацијата со ЛА Лејкерс уште во првата рунда од НБА плејофот, Дончиќ сега има простор за одмор пред стартот на подготовките за континенталниот шампионат. Словенечката ѕвезда уште кон крајот на минатата година најави настап на ЕП, што сега речиси и дефинитивно е потврдено. Евробаскетот ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а завршницата е закажана во Рига (Летонија). Словенија ќе настапува во групата Д, заедно со Франција, Белгија, Исланд, Израел и Полска, која е домаќин на групата. Останатите две прелиминарни групи ќе се играат во Финска односно на Кипар.
Дончиќ беше дел од тимот што го освои златото на Европското првенство во 2017 година. Во текот на оваа НБА сезона, тој имаше просек од 28,2 поени, 8,2 скока и 7,7 асистенции по натпревар.
ФОТО: X.COM