Драматично финале: Хрватска Цедевита победник на првиот Суперкуп на АБА!

Екипата на Цедевита на прв победник во Суперкупот на АБА, откако вечерва во големото финале на завршницата во Бар, го совладаа тимот на Будуќност со 78-69.

Хрватите фуриозно го почнаа мечот, имаа неверојатно 21-2 по првата четвртина во која црногорските кошаркари не постигнаа кош од игра по серија од 15 промашување од поле во низа. Но, во продолжението се свртија работите, па Будуќност направи целосен пресврт за враќање на неизвесноста во натпреварот.

Кошаркарите на Цедевита, сепак, ја вратија инциијативата и со подобра игра во финишот дојдоа до првиот трофеј во новата сезона, која почнува в петок. МЗТ Скопје, не беше дел од овој спектакл, почнува на домашен терен против белградски Партизан.

Стипановиќ со 20 поени и девет скока и Николс со 19 поени беа најдобри кај победничкиот тим, додека прв стрелец на Будуќност беше Ивановиќ со 20 постигнати поени.