Дончиќ и Ѓоковиќ во прегратка откако Словенија ја совлада Србија (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа од првите редови го следеше пријателскиот дуел помеѓу кошаркарските репрезентации на Словенија и Србија одигран во салата „Стожице“ во Љубљана. 

Домашните славеа со 97-92 по продолжението и тоа најмногу благодарение на фантастичната партија на Лука Дончиќ, кој постигна 34 поени. По натпреварот, словенечката кошаркарска ѕвезда имаше мала средба со Ѓоковиќ, кој е негов голем подржувач. 

Оваа прегратка предизвика еуфорија низ цела поранешна Југославија.