Дончиќ и другарите пред дуелот со Полска се пијанчеле до – пет наутро!

Репрезентацијата на Словенија како бранител на трофејот беше сметана за најголем фаворит на неодамна завршеното ЕП 2022, но изненадувачки испадна уште во четвртфиналето по шокантниот пораз од Полска (87-90), кој можеби бил плод на неверојатно неспортското однесување на Лука Дончиќ и соиграчите.

Босанскиот специјализиран кошаркарски портал „Бхбаскет“ открива дека словенечките кошаркари пред овој дуел се забавувале и опивале до пет часот наутро. Забавата била легендарна и незаборавна, како и дебклот кој им се случи петнаесетина часа подоцна. Порталот се повикува на свои извори од Берлин, каде што се играше завршницата од континенталниот собир.

„'Змајчеки' мамурни од пиење и јадење излегоа на терен да се соочат со мотивираната Полска и минаа како боси по трње. Своите слабости ги истурија вез судиите, во што предничеше Дончиќ. Тоа очигледно не го направи без причина, бидејќи добро знаеше што се случуваше само 15 часа пред еден многу важен натпревар. Словенците вешто го криеја пијанството, го турнаа под тепих, но барем сега луѓето знаат за што се работи“, се вели во дел текстот на овој портал.

Словенците против расположените полски кошаркари одиграа очајно првото полувреме, во кое беа во негатива поголема од 20 поени. Но, и покрај ова во третата четвртина се вратија во егал, но снемаа сили и на крајот потклекнаа.