Додека ние товориме на дното: Пецарски и Петрушев ѝ донесоа јуниорско злато на Србија (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години се пласира вкупно на 34. место во Европа, додека убедливо на врво се најде селекцијата на Србија, која во синоќешното финале на Европското првенство (ЕП), дивизија А, во Рига ја совладаа домашната Летонија со 99-90.

Тоа беше фантастичен меч кој се одигра пред дури 12.000 гледачи, во кој Србите доминираа во најголем дел од пресметката. Најзаслужни за тоа беа Марко Пецарски со 34 поени и Филип Петрушев со 29 поени. Веднаш зад нив се најде Зоран Пауновиќ со 17 поени. Кај Летонците најдобри беа Загарс со 26 и Веверис со 20 поени.

Ова е второ јуниорско злато по ред за Србија, а вторпат по ред признанието МВП на турнирот заврши во рацете на кошаркарот на Партизан, Пецарски.