Бивш кошаркар на Црвена Звезда пронајден мртов!

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Владимир Машуловиќ бил пронајден мртов покрај тениски терени во Белград.

Неговото тело било пронајдено од страна на случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата и обвинителството.

Телото на поранешниот кошаркар било испратено на обдукција, по што ќе биде потврдена причината за неговата смрт.

Според првичните информации, на телото на Машуловиќ немало видливи повреди и најверојатно не станува збор за насилна смрт.

Машуловиќ беше во центар на внимание и поради смртта на неговиот татко, кој беше пронајден искасапен.