Барселона сака да го избрка фудбалерот кој го прогласи за наследник на Меси

Тренерот на Барселона, Ханси Флик пред натпреварот против Жирона зборуваше за ситуацијата со талентираниот Ансу Фати. Младиот шпански фудбалер добива мала минутажа, односно јасно е дека каталонскиот гигант не смета на него.

Фати во минатото беше прогласен за наследник на Лионел Меси, но сериозни повреди го запреа неговиот развој и никогаш не го исполни целосно својот потенцијал.

Договорот со Барселона на Фати му трае до 2027 година, но Флик кажа дека нема да смета на него и клубот ќе се обиде да го продаде по 30 јуни.

Засега не е познато каде би играл во иднина, затоа што нема многу заинтересирани тимови да го откупат неговиот договор.