АБА удри по тимот од Аеродром: МЗТ доби парична казна и настап пред празни трибини!

Македонскиот шампион МЗТ Скопје е жестоко казнет од челниците на АБА-лигата за неколкуте прекини кои се случија на неодамнешната средба против Сутјеска, поради што аеродромци следниот домашен меч, против Хелиос Домжале (30 јануари) ќе мора да го одиграат пред празни трибини.

Згора на тоа, касата на „металците“ е сериозно испразнета бидејќи е изречена и парична казна во износ од 15.000 евра. Одлуката ја донесе Дисциплинската комисија по пријава на официјалните лица од средбата против тимот од Никшиќ.

„Судијата Јурас во 6. минута од последниот период го прекина мечот и побара да се испразни трибината каде беа навивачите на домшаниот тим. Поради ова мечот беше прекинат 24. минути. Мал дел од публиката се повлече на горниот дел од трибините. Навивачите ги навредуваа официјалните лица во осмата минута од последната четвртина, па судијата мораше да го прекине натпреварот, по што побара целата сала да биде испразнета, мечот одново беше прекинат, овој пат 12. минути“, се вели во објаснувањето на АБА 2- лига.

Аеродромци имаат рок од 21 ден за да ја платата казната, по што ќе следува камата од 10 евра на ден.