
АБА му одржа лекција Обрадовиќ – го казни поради закани кон судија од Хрватска!
Црногорскиот претставник е санкциониран поради инциденти предизвикани од неговите навивачи, вклучително фрлање предмети на теренот, користење пиротехника и навреди кон играчи и тренерот на гостинскиот тим. Легендарниот стратег, пак, е казнет поради непочитување кон официјалните лица, конкретно хрватскиот судија Лука Кардум. Според официјалниот извештај, Обрадовиќ по натпреварот се обратил на непрофесионален начин кон судијата.
„Додека сме ние тука во Партизан, вие нема повеќе да ни судите. Ако вие ни судите, јас нема да бидам тренер на Партизан. Јас не сум човек што ќе излегува со ова во медиуми, но ќе се потрудам така да биде“, наводно кажал тренерот на црно-белите.
Обрадовиќ во својата изјава негира каква било закана и тврди дека разговорот бил недвосмислено изразување на лична желба.
„Тоа е моја желба – господинот Кардум да не ни суди повеќе. Можеби јас нема да бидам тренер на Партизан. Немаше никаква закана, а сето тоа можат да го потврдат и сведоците“, објасни легендата.
Во образложението на Обрадовиќ се наведува дека Кардум веќе неколкупати бил санкциониран по натпревари што ги судел на Партизан, вклучително и првиот дерби натпревар против Црвена звезда оваа сезона во АБА лигата.
ФОТО: EPA PHOTO